ЈП Водовод и канализација-Скопје отпочна со акцијата за поставување на пломби на водомерите. Имено за таа цел беа набавени 60 000 пломби кои ќе бидат поставени на водомерите.
Со поставувањето на пломбите ќе биде оневозможена евентуалната манипулација на самите водомери што ќе доведе од една страна до намалување на загубите на вода а од друга страна ќе доведе до зголемување на самата наплата.