одинава повеќе пари за отпочнување на сопствен бизнис. Наместо 3.000 сите кои ќе аплицираат за државен грант за самовработување ќе добијат 4000 евра. Огласот за аплицрање е отворен од денеска и ќе трае наредните десет дена. Прво ќе се финансираат 600 бизниси. Годинава вкупно се очекува да се отворат 1000., за што се обезбедени 4,6 милиони евра.
Според правилата оние кои ќе го добијат грантот и уште првата година го затворат бизнисот ќе траба да вратат 80 отсто од средства. Ако тоа им се случи во втората година ќе вратата 60 проценти од грантот.
Надлежните ги повикуваат сите млади невработени , кои сакаат да започнат сопствен бизнис, да аплицираат
Мерката трае веќе 11 години по ред.
Најголем дел од фирмите отрвоени со државен грант сеуште работат и се активни. Над 2000 се отворени од млади до 29 годни, а една третина се во сопственост на жена.