Заедничката македонско бугарска експертска комисија на последниот дводневен состанок во Скопје ги разгледувала содржините на учебниците.Заедничката македонско бугарска експертска комисија на последниот дводневен состанок во Скопје ги разгледувала содржините на учебниците, а предложила и заедничко чествување на светите Кирил и Методиј во Рим како и важни годишнини поврзани со цар Самоил.
Самоиловата држава прва за ревизија во учебниците по историја во Македонија и Бугарија. Според информациите на Сител, за ова дискутирале членовите на мешовитата македонско бугарска комисија, каде на Бугарите им пречи што државата на Самоил е претставена како мекедонска, а на нашите историчари, пак, бугаризацијата на самоиловото царство. Предложиле да бидат додадени извори и аргументи за да нема различно толкување. Сител дознава дека од македонска страна е побарано Македонија да биде отстранета од поимот бугарски земји во учебниците во делот за праисторија кај источниот сосед.
Професорот Драган Ѓорѓиев кој е член на македонската група, од своја страна, пак вели дека има и простор и потреба за подобрување на наставните содржини во учебниците.
-Прецизно користење на перцепција за другиот, на пример како македонскиот народ е употребен во бугарските учебницви а како бугарите кај нас. Забелешки околу глорифицирање, националистички содржини. Значи има конкретни забелешки и од двете страни и има голем простор за подобрување за да имаме педагогија за градење на мир и избегнување на конфликти, вели проф. Драган Ѓорѓиев
Праисторија, антика и среден век биле темите за дискусија на мешовитата комисија, а за илинденците ќе расправаат на некоја следна средба. Разгледувале и неколку историски имиња кои би требало да ги слават како заеднички празници.
-Заедничка прослава за Кирил и Методија како и заеднички да го славиле Самоил, но не секоја година туку кога ќе има некои позначајни настани, вели Ѓорѓиев.
Наредните два месеци членовите на комисијата и од двете земји треба писмено да ги подготват сите забелешки што ги имаат за што од македонската страна велат дека ќе консултираат и стручни лица. Кон крајот на ноември повторно ќе заседаваат во Софија каде ќе ги соочат пишаните аргументи. Во комисијата од македонија има 7 претставници од кои само еден е антрополог а останатите се историчари.