Почна имплементацијата на договорот од Преспа со формирање македонско-грчка комисија


Договорот од Преспа почна да се имплементира и во пракса. Согласно членот 8 став Пет од Спогодбата, Македонија и Грција го формираа заедничкиот експертски комитет кој ќе ги ревидира ознаките и имињата на спомениците, учебниците, мапите и документите за кои ќе се утврди дека не се коректни и во согласност со објективното научно толкување на историските настани. Македонскиот тим ќе го предводи амбасадорот Виктор Габер , а грчкиот , заменик министерот за надворешни работи Маркос Боларис.
dogovor grcija

Во мегувреме, од НАТО доагаат пораки дека до изборите во Грција, договорот ќе ги помине филтрите во Скопје и АТина, и во првата половина на наредната година МАкедонија ќе го потпише протоколот за членство. Столтенберг во инетрвју за КАтимерини вели дека за време на посетата на Скопје од македонската влада добил ветување дека уставните промени ќе бидат финализирани до почетокот на 2019 година. Истата одогворност тој ја очекува и од грчката страна која треба да го ратификува договорот во Парламентот.

Апсолутно сум уверен дека доколку во ФИРОМ рефрендумот биде успешен, тие ќе го имплментираат, тоа ми беше потенцирано на средбите кои ги имав во Скопје. Се разбира, ова е демократски процес во двете земји , НАТО не може со сила да натера некоја земја да прави нешто што не го сака. Но, јас сум убеден дека договорот ќе биде имплементиран во двете земји бидејќи е клучен за нивната државна кредибилност.. Кога една држава го потпишува договорот, а другата го исполнува , тогаш двете страни мора да си ги завршта обврските и договорот мора да биде имплементиран. Се друго сериозно би ја поткопало кредибилноста на која било земја

Медиумите во Грција деновиве потенцираат дека Скопје се наога под силен притисок на европејците и американците за референдумот, но демантираат дека таков приотисок постои и вртз Атина. Грчкото МНР пред еден месец остро реагираше на изјавата на помошникот државен секретар Мичел дека американската дипломатија одиграла клучна улога во решавање на спорот со името, па дури беше побарано и извинување од Стејт Департментот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1