Почна лидерската – ЌЕ ИМАМЕ ЛИ ИЗБОРИ ВО ДЕКЕМВРИ?


Лидерите на партиите ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мандух Тачи, стасаа на денешната лидерска средба закажана во 13.30 часот.gruevski zaev ahmeti taci

На денешната средба лидерите треба да оценат дали се исполнети услови за одржување фер и демократски избори, како и датум кога тие би се одржале. Засега се спомнува датумот 11 декември.

За средбата во Клубот на пратеници се дојдени и американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли, како и претставник од канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Пред лидерите да дискутираат за датум за избори, требаше да се избере петтиот член на ад хок телото, за што денеска не се постигна консензус. Се шпекулира дека ДУИ ќе пресече за петтиот член на ад хок телото за мониторинг на медиумите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1