Муслиманите денеска започнаа да го чествуваат празникот Рамазан, еден од двата најзначајни муслимански празници.
Во наредните триесет дена, верниците ќе постат секој ден од изгревањето до заоѓање на Сонцето.
Поглаварот на Иславмската верска заедица на Република Македоија, реис ул улема Сулејман ефенди Реџепи, упати порака до верниците по повод Рамазан.
– Му благодариме на Возвишениот Алах кој уште еднаш ни овозможи да го доживееме благословениот месец Рамазан, да ги доживееме благословените и светли денови и ноќи на овој величенствен месец. Во месецот Рамазан започна објавата на Чесниот Куран, објавата на најубавите мисли кои што јасно ги разграничуваат вистината од лагата, доброто од лошото, убавото од грдото. Овој месец е симбиоза на сето тоа што може да се изрази само преку постот, затоа, го молиме Севишниот Аллах да ни овозможи уште еднаш да го исчистиме и да го воздигнеме нашиот дух, со што ќе бидеме по убедени и по близу до Бога, стои во пораката.
Честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во државата по повод почетокот на рамазанските пости, упатија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска.
Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Целта на постот е богобојазливоста која во себе вклучува свест за Алах и правење добри дела. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Во постот се поштедени болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.
Рамазан е празник кој секоја година се поместува за 10 дена напред. По рамазанскиот пост следува Рамазан Бајрам, кој оваа година паѓа на 28 јули и се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите.
Првиот ден од Рамазан Бајрам во Македонија е државен празник.