Стартуваше трката за избор на најубаво новогодишно украсен двор од куќа или тераса. Градот и годинава во рамките на новогодишните и божикни свечености ја организира традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје“, со која граѓаните се мотивираат да ги украсуваат своите домови и работни простории и да придонесат за празничниот амбиент.
И овој пат ќе има избор во четири категории: најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, најубаво украсена тераса од стан, најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно) и најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште. Конечниот избор ќе го направи жири-комисија составена од претставници на медиумите.
Сите кои се заинтересирани да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување можат да се пријават на телефонскиот број 3297 265, секој ден од 9 до 16 часот. Пријавувањето почнува од 9 и ќе трае до 22 декември. Граѓаните треба да испратат фотографии од украсените објекти и заедно со личните податоци, телефонски број и адреса, да ги достават на адреса бул. „Илинден“ бр 82 со назнака: за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“, или, пак, да ги испратат на Интернет-адресата:[email protected] .
За најуспешните Градот обезбеди награди во висина од 10.000 денари, а ЕВН Македонија ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија за декември 2014 година.