Kонкурсот за запишување во прва година – прв циклус студии на јавните високообразовни установи во земјата за наредната академска година ќе биде објавен денеска во печатените медиуми и на интернет-страницата на Министерството за образование и наука.
На петте државни универзитети во Република Македонија предвидени се 24.196 слободни места, од кои 13.795 за редовните студенти во државна квота, 7.531 за квотата редовни студенти со кофинансирање и 2.870 за вонредни студенти.
Студентите што ќе се запишат како редовни и ќе влезат во државната квота ќе плаќаат 200 евра годишно, редовните во квотата со кофинансирање и вонредните студенти ќе плаќаат 400 евра годишно, а оние што ќе се запишат на една од дисперзираните студиски програми ќе плаќаат 100 евра годишно.