Централната купола, на зградата на Собранието полека го добива финалниот лик. Куполата е со дијаметар 32 метри и височина 10 метри.
Покрај централната, поставени се две помали куполи на аглите од челната страна на објектот. Пишува плус инфо.
Реконструкција на собраниската зграда, дел од проектот „Скопје 2014“, предвидува обнова на фасадата и зајакнување на конструктивниот систем и доградба од еден каттреба да е готова во ноември 2013 година.
Според првичните информации треба да чини 11 милиони евра, но вистинската сума ќе се знае откако ќе се заврши.
Собраниската зграда е изградена е во 1938 година по проект на чешкиот архитект Виктор Ј. Худак.