Џенифер Гејтс, ќерката на еден од најбогатите луѓе во светот, моментално студира на Стенфорд, но после дипломирањето планира да се посвети на натпреварување во коњички спортови.
Грижливиот татко поради тоа како подарок за дипломата и купил фарма со коњи во Норт салем, која се протега на 124 декари и чини скоро 16 милиони долари. Пред четири години, Гејтс потроши 18 милиони долари на ранч во Сан Диего.
Сепак, се чини дека размислил дали му се исплати таквата инвестиција, бидејќи неговата ќерка ја опишуваат како една од најталентираните под 25 години во овој спорт, очигледно дека парите не се фрлени.
Џенифер се натпреварува за Евергејт Стејблс, тим кој е створен за неа. Во јануари оваа година здружението за јавање и врачи трофеј, и ја опиша како одлична студентка која балансира меѓу својата јавачка кариера и студиите за човечка биологија.
-После дипломата ќе се насочи на јавачката кариера една година, а потоа планира да запише медицина, стои образложението на наградата.
Самата Џенифер изјавила дека планира да се натпреварува и да ја претставува својата земја на повеќе натпреварувања, па и да учи од други талентирани јавачи.
Со јавање започнала на шест години, кога со пријателка тргнала на курс за јавање.