Подгорица во солзи: Малиот Огнен е мртов, се удавил во река (ФОТО)


Во просториите на Клиничкиот ценар на Црна Гора во Подгорица, утрово е извршено препознавање на безживотното тело кое вчера било пронајдено. Родителите потврдиле дека се работи за Огнен Ракочевиќ (11), соопштено е од полицијата во Подгорица.ognen-podgorica-640x361

– Утрово исто така по наредба на јавниот обвинител во Високото јавно обвинителство во Подгорица, е извршена обдукција на телото. Според информациите кои ги имаме, обдукцијата покажала дека причина за смртта е давење, телото нема траги на насилство, се наведува во соопштението.

Ловочуварот Никола Уличевиќ изјавил вчера дека се работи за телото на исчезнатиот Огнен. Тој го пронашол телото вчера околу 18:30 на Морача.

Повеќе извори од полицијата потврдиле дека се работи за Огнен кој исчезнал пред 12 дена.

Огнен исчезнал од својот дом во Подгорица, а по него со денови трагале граѓани, полиција, војска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1