Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќ дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Топло ќе биде и утре, но кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта кон понеделник, оваа облачноста ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи.
Позначителна промена на времето се очекува в понеделник кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Локално се очекуваат поинтензивни врнежи, наместа и над 30 л/м2 воден талог.
Ќе дува засилен северен ветер, особено попладне и ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени која ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.
Од вторник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.