Подгответе се: Во петок ќе имаме снег


Иако во изминативе 2 месеци на неколку наврати имаше мали снежни врнежи на планините сепак не може да се пофалиме дека имавме снег низ населените места. Првиот вистински вкус на зимата ќе го имаме во петок навечер, но со снежна покривка ќе се разбудиме во сабота наутро.

Според прогнозите на Метеопро во петок попладне над Македонија ќе се спушти значително постудена воздушна маса која во комбинација со влагата која ќе ја обезбеди циклонот чиј центар ќе се наога во Егејското море конечно ќе го донесе снегот. Врнежите ќе започнат во петок навечер и ќе продолжат во сабота, а веќе во недела истите ќе престанат.

ladno

Во однос на снежна покривка, неа повеќе ја очекуваме во западниот регион, особено на планините. Од пониските места, мала снежна покривка се очекува во поголем дел од котлините, особено во западниот регион, како и во Скопската котлина.

Во југоисточниот крај врнежите ќе бидат од дожд, освен нормално на планините, каде ќе паѓа снег.

Во сабота ќе биде и значително постудено. Максималната температура во најтоплиот регион од земјава – Гевгелискиот, тешко дека ќе надмине 6°С. Во останатите котлински краишта максималната температура ќе има вредност околу 2°С.

Заради умерениот северен ветер во сабота чувствителната температура ќе биде околу 0°С.

Да се надеваме дека снегот барем малку ќе ја подобри ситуацијата на ски центрите и дека конечно ќе може да ја отвориме ски сезоната.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1