Подгответе се за 25 степени – Од среда времето се расипува


Пролетта и топлите денови и официјално ни пристигнаа а според моменталните анализи на видик нема никакво поголемо заладување на времето, анализира Славчо Поповски.

Во текот на следните денови под влијание на претежно стабилна и топла воздушна маса која продира од југ времето во Македонија ќе биде сончево, повремено со мала до умерена облачност а само утре попладне особено на планинските места ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен дожд, гремежи и засилување на ветерот, исто така услови за сосема слаб локален дожд и тоа особено на исток и југоисток ќе има во текот на ноќта среда кон четврток.

Денес ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет, потоа во следните денови ветерот ќе го промени правецот во северен и повремено ќе засилува на интензитет а температурите ќе бидат незначнително пониски но топлите пролетни денови и покрај ова ќе продожат Што значи максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени со исклучок на четврток кога максимумот на истите ќе изнесува од 14 до 21 степен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1