Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, од утре Македонија ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.
Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и консумирањето на храната.
На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија.
Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страната www.toplotnibranovi.mk.