Подготвувале напади во Москва – откриени во последен момент


Група лица се уапсени во Москва, кои подготвувале терористички напад во руската престолнина, известуваат руските медиуми повикувајќи се на извори во Националниот антитерористички комите (НАК).

„Само три лица се уапсени и со нов се водат оперативно-истражни активности“, изјавил извор од НАК за агенцијата РИА и додал дека материјалите откриени кај лицата се однесено на лабораториско вештачење. Официјална потврда на оваа информација агенцијата не добила.Rusija-hapsenje

„За учество во подготовка на терористички акт се проверуваат околу 10 луѓе. Со нив работата истражните органи и се појаснува улогата на секој од нив“, изјавил, пак, полициски извор на агенцијата ТАСС. Засега не е објавено на која група припаѓаат осомничените.

„Во рамките на истрагата кои ги спроведоа безбедносните органи, група луѓе е уапсена во западниот дел од Москва додека подготвувале терористички напад во главниот град“, се наведува во официјалното соопштение.

Во медиумските извештаи се наведува дека истрагата во станот на осомничените открила импровизирана експлозивна направа со речиси 4 килограми експлозив која е деактивирана. Поради тоа требало да бидат евакуирани над 120 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1