Поднесени ли се или не амандманите?!


За време на паузата се слушнав со министерката за правда, Рената Дескоска, и таа ми рече дека до Министерството за правда не се поднесени никакви амндамни. Ајде да не кажам дека некој лаже, ќе речам дека не ја говори вистината, изјави премиерот Зоран Заев во ТВ дуелот со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Амандманите не се даваат на рака, туку во архивата на Министерството, реплицираше Мицкоски.

На ова, пак, Заев додаде дека ќе се провери се и утре ќе излезат со точни термини кога биле амандманите поднсесени, ако воопшто биле поднесени.

Претходно Мицкоски изјави дека во попладневните часови амандманите за новиот закон за јавното обвинителство биле доставени и до Министерството за правда и до межународните институции во државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1