Поднесено обвинение против Моника Ристеска


Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд поднел обвинителен акт против Моника Ристеска за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Таа е позната во јавноста по тоа што постојано објавуваше видеа со џоинт, а еднаш се снимаше и како пушеше на јавно место.

Важи за активистка која се залага за легализација на марихуаната.

Осомничената, според обвинителството, се товари дека во текот на 2017 и 2018 година, со умисла извршила временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

Притоа, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и околности, неовластено кај себе држела, преработувала и продавала наркотична дрога марихуана и хашиш смола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1