На актерот Маринко Маџгаљ, кој боледува од рак на панкреас, здравствената состојба наводно му е подобрена и тоа благодарение на алтернативната медицина.
Како што пренесуваат регионалните медиуми на Маџгаљ многу му помогнала црногорска треварка,инаку мајка на Един Идризовиќ кој е еден од учесниците во реалното шоу „Парови“.
Оваа информација ја потврдил и Един во разговор со останатите учесници во реалното шоу: „Моја мајка со нејзините лекови има помогнато на голем број на луѓе. Сега лекува една позната личност која има проблем со панкреасот“.
Мајката на Един Рамиза не сакала да зборува за познатиот актер, но признала дека кај неа помош барале и голем број на светски познати личности како Мајкл Даглас кој боледувал од рак на грлото.