Граѓаните кои се заинтересирани да го посетат забавното катче во Градскиот парк, од денес ќе можат да го сторат тоа за помалку пари.
Управата на забавниот парк Луна д.о.о.е.л. од Скопје донесе одлука за намалување на цените на билетите и тоа:
билетот за едно лице од 45 се намалува на 30 денари,
билетот за дете со родител од 60 на 40 денари,
а блок билетот за 10 возења останува 300 денари.
Намалувањето на цените започнува денес, 23 август.