Поевтино ќе се лечиме – нaмалени цени на 202 лека


Од средината на овој месец се намалуваат цените на вкупно 202 лека, што е трето по ред намалување на цените, по донесување на новата методологија за утврдување на цените на лековите во државата, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров. Според него, ваквото намалување значи дека е поставен одличен систем на регулирање на цените на лековите и дека истиот е реално имплементиран и одлично функционира. 
lekovi-foto-D-JEVREMOVICH“Оваа методологија која ја имаме многу скоро ќе почне да се применува и од многу држави во регионот и пошироко имајќи предвид дека станува збор за многу кредибилен процес и добро осмислена методологија која е имплементирана и фукционира без при тоа да имаме проблем со повлекување определени лекови од пазарот, недостиг на определени лекови од една страна, но и од друга страна да оневозможиме многу сериозни маржи, заработки“, рече Тодоров додавајќи дека  цените на 1.800 лекови се намалени од почетокот на имплементација на оваа методологија.
Се намалуваат цените на лековите за речиси сите фармодинамски подрачја, но најмногу кај оние за онколошки заболувања, лекови против алергија, за белодробни заболувања, за остеопороза, хормони, за емотивни заболувања.
Директорот на Бирото за лекови Илчо Захариев рече дека лекот Темодал, препарат кој е значаен за лекување на карциноми на мозокот, сега е многу подостапен за пациентите.
Посочи дека за лекот Темодал 5 капсули од 250 милиграми големопродажната цена се намалува од 51.530 денари на 17.505 денари или намалувањето е 66 отсто, а на пет капсули од истиот лек по 100 милиграми, цената се намалува од 18.739 на 8.000 денари или намалувањето е 57,3 отсто.
“Се намалуваат цените на лековите за кардиваскуларни заболувања, дел од антибиотиците, препарати за лекување на гастро заболувања итн. Ниту една компанија и во октомври и сега не најави повлекување на некој препарат. Тоа покажува дека системот навистина добро функционира и лекови има доволно. Ниту една компанија во овој момент го нема затворено претставништвото во Македонија“, истакна Захариев, додавајќи дека голем број од земјите од соседството ја земаат Македонија како референтна земја во делот на цените на лековите.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1