трајните млека на Дукат со 2,8% и 0,5% млечна маст ќе се продаваат по промотивна препорачана цена од 45 денари за литар, со што намалувањето на малопродажната цена надминува 10 проценти.
– За оваа одлука за намалување на цената имаме двоен повод. Првиот е Светскиот ден на млекото, а вториот е исклучително високата оценка од меѓународните авторитети за тестирање на вкусот и квалитетот на омиленото трајно млеко на потрошувачите ширум регионот и во Македонија. Ваквиот огромен успех на Дукат заслужува да биде споделен со нашите потрошувачи, изјави Благоја Слабев, генералeн директор на Дукат во Македонија.
Имено, трајното млеко на Дукат со 2,8% м.м. е наградено со две златни ѕвезди за неговиот исклучителен вкус од страна на Меѓународниот институт за вкус и квалитет (кратенка iTQi)со седиште во Брисел, во рамки на годишното тестирање во кое учествуваат над 1200 прехранбени производи и пијалаци од реномирани производители ширум светот.
Покрај трајното млеко на Дукат со 2,8% м.м., награди на годинешното тестирање за вкус и квалитет од страна на iTQi добија уште 10 млечни производи на Дукат, меѓу кои: Дукат јогуртот со 2,8% масленост, јогуртите SenSia и b.Activ LGG, Dukatela classic, сирењето Sirela Podravec и други.
iTQi – Меѓународниот институт за вкус и квалитет од Брисел секоја година, спроведува ригорозни тестирања на најраспространетите и популарни прехранбени производи и пијалаци, и врз основа на резултатите ги издава наградите за супериорен вкус („Superior Taste Award“). Тестирањето го спроведува специјална жири комисија составена од врвни кулинарски експерти и сомелиери од 15 најпознати Европски асоцијации.