Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,71, односно за 0,74 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 71 денари за литар. Цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти, односно ќе се продаваат за 82 и 60 денари за литар како и досега.
Со одлуката на РКЕ за 0,855 дененари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 40,867 денари за килограм.