Од 1 јули стапува на сила второто намалување на цените на роамингот меѓу Македонија,Србија,Босна и Херцеговина и Црна Гора. Роаминг услугите се намалуваат за 80 посто,така што на овој начин преку ниски цени на граѓаните ќе им се овозможат ефтини повици.
Наскоро кон оваа спогодба се очекува да се приклучи и Албанија, и останатите балкански држави.
Македонија oд 1 јули ќе стане дел од меѓународната мрежа на Британскиот виртуелен мобилен оператор Лајкамобил а до крајот на годинава ќе биде објавен повик за влез на нов мобилен мрежен оператор. Инаку на меѓународната регулаторна конференција покрај новите трендови во информатичката и комуникациска индустрија се дискутираше и за Сајбер безбедноста .