Новиот поглавар на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху денеска на фејсбук објави дека има позитивен резултат од тестирање за коронавирус. Реисот соопштува дека нема симптоми и дека е во домашна изолација.
„Со грижа и одговорност кон моето семејство, моите соработници, како и кон сите граѓани и верници, одлучив да направам тест за ковид-19, кој што излезе позитивен. Моментално се‘ е нормално, нема никакви проблематични симптом, се придржувам до медицинските препораки и сум во домашна самоизолација“, напиша Реисот Фетаху, со апел во пресрет на празникот Курбан Бајрам до верниците да ги почитуваат препораките и мерките за заштита.