Погледнете го видеото од местото на убиството на Оливер Ивановиќ


Непознати напаѓачи утрово околу 8.30 часот пукале кон Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица додека влегувал во седиштето на партијата. Тој без знаци на живот е примен во болница во Косовска Митровица.

„Ништо не знаевме, но со самото тоа како се одвиваше ситуацијата, затвор, па пуштање од затвор, па избори… Среде бел ден да изрешеташ човек што тргнал на работа. Луѓето се вознемирени. Не знам што да кажам“, рече Божовиќ, која се наоѓа во болницата во Косовска Митровица каде што бил донесен Ивановиќ.

Таа рече и дека никој не чул пукање и додаде дека пред партиските простории Ивановиќ го нашла сосетка што се враќала од продавница.

„Се подготвував да одам на работа. Секретарката беше во канцеларијата. Го нашла првата комшика што излегла да купи леб и се враќала од продавница. Го видела како лежи пред канцеларијата“, рече Божовиќ за Танјуг.

Комшиката ја известила секретарката, која викнала брза помош.

„Сè се случи во рок од две-три минути. Не се слушна пукање… ако има четири или пет куршуми во него, пронајдени се три чаури“, рече таа.

Ивановиќ во болница е примен во тешка состојба и лекарите пробале се за да се изборат за неговиот живот, но нажалост тој подлегнал на повредите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1