Врнежи проследени со локална нестабилност и грмежи најавуваат метеоролозите во текот на утрешниот ден и во сабота.
Температурите и натаму остануваат високи иако се бележи тренд на нивно благо опаѓање. Поголемо освежување се очекува во средината на идната недела кога живата во термометарот ќе се спушти на 28 степени.