Погребани загинатите пилоти


На градските гробишта во Бутел, со највисоки почести, денеска се погребани трагично загинатите македонски пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички и Тоде Орешков. Вчера во Куманово беа погребани и посмртните останки на пилотот Марјан Трајковиќ

Во Соборниот храм Свети Климент Охридски се одржа опело. Голема загуба за Македонија, загубивме храбри луѓе, и ние, и нивните семејства, нагласи во опелото Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
pogreb piloti

Во Македонија е ден на жалост, а  знамињата се спуштени на половина копје.

Во Собранието на Република Македонија, денешната седница почна со едноминутно молчење, во знак на почит на загинатите пилоти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1