Погреби и помени само на отворено со најблиските


Парохиските свештеници треба да прекинат со водосвети по домовите, а традиционалниот водосвет во пресрет на празникот Велигден, за оваа година да се помести по Светлата недела, Светата тајна Крштение, доколку не може да се одложи, да се извршува во најтесен круг, погребите и помените да се извршуваат само на отворено, на гробовите, во присуство само на најблиските, се забранува користење на црковните сали и свештеничките канцеларии за собири, часови по веронаука, состаноци на одбори и други нередовни активности, во храмовите, на секојдневните богослужби, на верниците да им се препорачува да стојат на потребно растојание.

Канцеларијата на Скопската православна епархија покрај веќе препорачаното од страна на Македонската православна црква-Охридска архиепископија за територијата на Скопската православна епархија, донесе повеќе мерки за заштита од коронавирусот.

Парохиските свештеници треба да прекинат со водосвети по домовите, а традиционалниот водосвет во пресрет на празникот Велигден, за оваа година да се помести по Светлата недела, Светата тајна Крштение, доколку не може да се одложи, да се извршува во најтесен круг, погребите и помените да се извршуваат само на отворено, на гробовите, во присуство само на најблиските, се забранува користење на црковните сали и свештеничките канцеларии за собири, часови по веронаука, состаноци на одбори и други нередовни активности, во храмовите, на секојдневните богослужби, на верниците да им се препорачува да стојат на потребно растојание.

Манастирите, согласно својот типик, треба да не допуштаат поклоници, освен за некоја потреба, на повик од верниците, за причест во домашни услови, свештениците да ги користат даровите за болни, запазувајќи ги мерките за заштита, Неделните и празничните Свети литургии треба да се одржуваат на отворено.

Согласно соопштението на Светиот архиерејски синод на МПЦ од 12 март апелираме на непоколебливост на верата во светоста на тајните на Црквата, не заборавајќи ги зборовите Господови дека преку причестувањето имаме живот во себе, живот вечен и надеж за Воскресение (Јн. 6, 53-54). Всушност, и во литургиската молитва постојано бараме: „Владико, светињите кои се пред нас, за добро раздели ни ги на сите, секому според неговата потреба: плови со оние што пловат, патувај со оние што патуваат, болните исцели ги – Лекару на душите и телата“. Известувањето останува на сила додека не се донесат поинакви мерки, стои во соопштението од Канцеларијата на Скопската православна епархија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1