Дадилка во Кина била погубена затоа што намерно предизивикала пожар во кој настрадале мајка и три деца.
Дадилката (35) наводно имала големи коцкарски долгови и се надевала дека со спасување на семејството од огнот ќе ги убеди да и дадат повеќе пари за да ги чува децата. Наместо тоа, огнот кој избил во станот на 18-ти кат ги усмртил мајката и трите деца, кои имале шест, девет и единаесет години, јавува Би-Би-Си.
Таткото на децата, за време на несреќата бил на работа. Дадилката со запалка запалила оган во дневната соба и побегнала. Веста за смртна казна предизвика бројни реакции на кинеската верзија на Твитер, кои порачаа: „Ѓаволот конечно е погубен“.
Се верува дека повеќе смртни казни се случуваат во Кина на годишно ниво отколку во било која друга земја, но бројот на случаи е тајна.