На Камениот мост и Мостот на цивилизациите во Скопје денеска се одржа петтата по ред манифестација „Појадок на мост“
Манифестацијата традиционално ја организира Градот Скопје во соработка со Средното угостителско училиште „Лазар Танев“.Пред присутните се обврати градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој изрази задоволство што секоја година се повеќе луѓе се заинтересирани да дојдат на појадокот, чија цел е дружење, стекнување пријателста и размена на мислења меѓу припадници од сите скопски ошпштини и од сите националности.