Покачена минималната плата на 14 илјади и петстотини денари


Од декември минимална плата од 14 500 денари. Економскиот тим на владата на иста маса со стопанските комори, работодавачите и синдикалците договорија минималец повисок за 2 илјади денари.

Според власта бенефит ќе имаат 90 илјади работници, а ова покачување е доказ дека економските политики даваат резултат.

Покачувањето е прифатливо за работодавачите, сепак сметаат дека може да донесе клуч на врата на помалите текстилни фабрики.

Иако се бореа за минималец во висина од 60% од просечната плата во државата, сепак синдикалците велат дека се задоволни и од ова покачување, но нема да запрат со борбата за повисоки плати.

Со зголемувањето на минималната, се згоголмуваат и сите плати. За фирмите да го издржат товарот, Власта им помага преку мерката за субвенционирање на придонесите за сите оние кои ќе ја покачат платата до 100 евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1