Полицијата разби група која продавала лажни тестови за Ковид-19


Едно правно и две физички лица од Виница продавале несоодветни или лажни брзи тестови за откривање на присуство на Ковид 19. По добиени оперативни сознанија, полициски службеници од виничкото одделението на МВР извршиле претрес во дом и други простории кои ги користеле сомнителните лица.

Кај лицето В.П. биле пронајдени и одземени 7 ќеси со натпис Covid chek и едно шишенце со натпис Buffer. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство-изјави ГОРДАНА ПАНАЈOТОВА- ПОРТПАРОЛ НА СВР-ШТИП

Лицата се сомничат дека сториле кривично дело – “незаконито земање и користење на генетски и биолошки материјал“, за што е предвидена казна затвор од 2 години во нормални услови. Денеска започна и подготовка на теренот во штипска клиничка за поставување на 4 монтажни модули за прием на пациенти со Ковид 19. Секој од нив ќе биде со капациет за прием на 14 пациенти или вкупно 56 кревети.

Почнуваме со довод на сите оние инфраструктурни инсталации, водовод, канализација и електрично напојување, така што очекуваме во догледно време она што е наша обврска како локална самоуправа да го завршиме-изјави ЈАНЕ МИЛАНОВ, ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП

Сите капациетите на инфективно и кожно одделение се пополнети. Се повеќе пациенти имаат потреба од кислородна подршка.

Во септември потрошивме 6 тони, во октомври потрошивме дури 14 тони кислород, а сето тоа е резултат на големиот број примени пациенти и на оние со тешка клиничка слика- изјави АЛЕН ГЕОРГИЈЕВ, ДИРЕКТОР НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА – ШТИП

Набавени се над 60 пусл оксиметри за мерење на сатурацијата на кислород, буквално на секој хоспитализиран пациент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1