Полициски час од 20 часот навечер до 5 наутро: Србија со најтешки мерки ќе се бори против корона вирусот


Донесовме нови поостри одлуки кои се непопуларни. Се забранува утре од 10 часот излегување на лица постари од 65 години. Ќе ја организираме локалната самоупрва секаде каде што ќе биде можно, ќе се обидеме да дојдеме до сите домови преку млади од 25-26 години – најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето вечерашно обраќање до нацијата, а по повод мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Вучиќ рече дека отворени за пензионерите ќе бидат продавниците и супермаркетите во недела наутро од 4 до 7 под посебни правила, каде сите ќе стават маски и ќе има раздалеченост меѓу нив.

Со тоа гарантираме дека никој нема да остане гладен и без потребните работи за живот. Од утре од 20 часот навечер до 5 изутрина има забрана за движење на сите лица- рече тој.

Претседателот на Србија ги замоли граѓаните да ги разберат ригорозните мерки.

Војската на Србија ќе ги превземе сите гранични премини и мигрантски центри и болници и мора да биде вооружена, бидејќи мора да ги заштити лекарите – појасни Вучиќ.

Според него, колку се неодговорни луѓето покажува фактот што иако тој ги замолил да не доаѓаат во Србија, последните два дена дошле дури 45.000 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1