Во 5 часот утрово заврши 80 часовниот карантин во Скопје, Тетово, Куманово и Штип и полицискиот час во останатите општини.
Комисијата за заразни болести утрово одржува состанок на кој треба да донесе одлука дали и натаму ќе важат рестритктивните мерки.
Информациите од таму се дека Комисијата за заразни болести ќе и препорача на Владата враќање на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, но само во критичните места каде што има голем број на заразени како што се Скопје, Тетово, Штип и Куманово.
Одлуката која денес ќе ја донесе Комисијата ќе биде поднесена и до Владата која на седница која се уште не е закажана ќе треба да одлучи.