Полицаец кој го обезбедувал седиштето на ЕУ во Скопје вечар бил повреден со камен од лице кое присуствувало на протестот организиран од Светски македонски конгрес и Македонските заедници во Европа. Кај едно лице биле пронајдени молотови коктели, а запалени биле и знамињата на Грција и Албанија.
Како што соопштија од МВР, за време на вчерашниот протест кој започна во 18 часот пред седиштето на ЕУ во Скопје, а продолжи пред Собранието, при пристигнувањето на граѓаните, од страна на неколку лица биле фрлани камења кон зградата на ЕУ- Инфо Центар, при што со еден камен е погоден полициски службеник во пределот на левата надколеница.
При преземање мерки и активности, во паркот Жена борец во Скопје биле пронајдени пет шишиња со запалива течност, а во врска со настанот бил приведен К.Г.(24) од Скопје. По извршениот разговор, К.Г. е задржан во полициска станица. За време на протестот, пред Собранието, од страна на неколку непознати лица биле запалени знамињата на Република Грција и Република Албанија.