Полициски службеник вчера во 18:40 часот бил удрен од непознато маскирано машко лице додека преземал дејствија за обезбедување на протест на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје.
Како што информира МВР, лицето, кое било учесник на протестот, го удрило полицаецот со тупаница во пределот на главата, а од страна на доктор од ГОБ „8 Септември“ му била констатирана телесна повреда.