Четириесет и деветгодишен полицаец, вработен во СВР Штип, денеска е пронајден мртов со пиштол покрај неговото безживотно тело, информира Министерството за внатрешни работи.

Полициска екипа денеска околу пладне го пронашла Митев починат со рана од пиштол во главата. Оружјето било пронајдено покрај неговото тело и веднаш дадено за вештачење. По наредба на истражен судија, телото на полицаецот е дадено за обдукција со цел да се утврди под какви околности починал Митев и дали се работи за убиство или самоубиство.
Нет прес