Шефот на полициската управа во Грувленд на Флорида направил потег на кој би можеле да се угледаат бројни светски сообраќајни полицајци.
Полицијата на Грувленд има обичај да пишува казни за непрописно паркирање доколку автомобилот се остави пред приод на коловоз како и на приодите пред куќите и другите објекти. Законот оди толку далеку што возачите може да бидат казнети дури и ако го паркираат автомобилот пред приодот кон својот дом.
Неодамна се случила ситуација која на сите име позната- полициско возило било фотографирано во моментот кога било непрописно паркитано на еден од приодите кон коловозот. Фотографијата ја снимил граѓанинот Дејвид Бајрс, по што ја објавил на интернет и за кратко време стана вирална. За се бил виновен шефот на полицијата Мелвин Тенисон кој го признал кршењето на законот по што сам на себе си напишал казна за непрописно паркирање. Казната ја фотографирал и ја објавил на Фејсбук страницата на полициската управа во Грувленд.