Полицаец сам себе си се тужел зошто не наплатил казна за пијан возач


Поранешен сообраќаен полицаец Дејан Тадиќ, кој е суспендиран од работното место поради тоа што пуштил неказнето пијан возач, поднел кривична пријава до судот во Чачак против самиот себе, до своите колеги и полициското раководство

396832_cacak02-tuzba-protiv-samog-sebe-dejan-tadic-foto-v-nikitovic_fНа оваа постапка се одлучил откако дознал дека против него јавното обвинителство ќе покрене обвинение, затоа што не пишал пријава на возач кој имал 0,31 промил алкохол во крвта.

Тој за српските медиуми вели дека вакви случаи во полицијата имало многу  во неговата 20 годишна кариера, а тоа било правено и по наредба на полициското раководство.

„Како доказ до обвинителството приложив многу службени налози со кои само ги опоменува пијаните возачи. За обвинителството тоа не било доволно и мојата пријава е одбиена. Пријава поднесов и против себе, бидејќи сум направил илјадници вакви прекршоци “, раскажал Тадиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1