Полицаец се здобил со тешки повреди откако излетал со мотор од патот Скопје- Велес


Скопјанец кој работи како полицаец ги скршил рацете и нозете откако со својот моторцикл вчера излетал од патот Скопје-Велес, објави Телеграф.мк.kamioni avtopat nokj3

Се работи за 24-годишниот И.И. кој пред наплатната рампа кај Сопот во 16 часот и 12 минути се излизгал и доживеал страшна несреќа, по што веднаш бил пренесен во болница.

– Лицето И.И. управувајќи мотор „хонда цв 600“ излетало од коловозот, при што се здобило со тешки повреди. Имал скршеници на рацете и на нозете по што бил префрлен во болницата „8 Септември“ во Скопје – изјавија од СВР-Велес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1