Полицаец со два куршума застрелал колега


Полицаецот Живко Ј. (50) од Тетово е во тешка состојба на скопските клиники откако вчера претпладне околу 10 часот бил застрелан со два куршума кој ги испукал негов колега од службено оружје.

policija srbija Вооружениот инцидент се случил во просториите на зградата на полициската станица за безбедност во сообраќајот во Тетово. Полицаецот има две влезни рани во пределот на стомакот и градниот кош. Повредениот полициски службеник веднаш по укажана лекарска помош во тетовската клиничка болница, итно бил префрлен на скопските клиники. Според болнички сознанија, по извршената хируршка интервенција тој засега е вон животна опасност.

Kако што соопштува СВР Тетово, според нивните првични сознанија тој бил повреден од неговиот колега. Kако поконкретно се случило повредувањето и за другите околности поврзани со настанот извршен е увид од страна на јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи – Тетово. Се претпоставува дека во најверојатно станува збор за несреќен случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1