Хрватски полицаец (46), со пиштол убил две жени на местото Света Марија, јавуваат хрватските медиуми.
Портпаролот на полицијата Радиван Гаќал потврдил дека убиецот е сообраќаен полицаец од Брезја и последните три години бил на боледување, пренесува „Hina“.
Неофицијално, не станува збор за психички проблеми. Убиените се на возраст од 52. и 39. години.
Кривичното дело е сторено пред синот на помладата жена. Момчето не е повредено.
Убиецот го фатил и уапсил негов колега кој не бил на должност, а во помош дошол и еден од соседите.