Полицаецот Флека го тепал братот на Премиерот Вучиќ!


Командантот на специјалистичката чета на Жандармеријата од Ниш, Предраг Мијатовиќ, како што наведуваат извори од Жандармеријата, познат е по своето дебело досие кое за него го составила внатрешната контрола на полицијата.

 

Предраг Мијатовиќ, со прекар Флека (35), е полицаецот кој го гледаме на сниката од претепувањето на Андреј Вучиќ кој трча до него да го стигне и му го задава последниот удар по бубрезите.

Покрај Флека, кој потекнува од Врањска Бања, поради претепувањето на Андреј, суспендирани се и Раде Матиќ, Предраг Чирковиќ, Далибор Ѓорѓевиќ и Драган Савиќ, сите од Жандармеријата од Ниш.

Митровиќ, како што наведуваат изворите од Жандармеријата, познат е по дебелото досие кое за него го составила внатрешната контрола на полицијата. andrej-vucic-policija-prebijanje-foto-printskrin-not-cool-voopshto-1

“Флека е командант на специјалистичката чета на Жандармеријата од Ниш, тој ги организираше членовите да работат на обезбедување во кафулињата во Ниш и по клубовите, но исто така и во локалите во Прокупље”, наведува изворот.

Името на Митровиќ се споменува и на списокот на полицајци кои спроведувале терор низ градот.

“Тој е дел од групата која учествуваше во ископувањето на злато во Гамзиград, од нив никој не може да го контролира”, раскажува изворот и потсетува дека под изговор дека се на вежба, 30 припадници од Жандармеријата три дена на територијата на Гамизградската бања со девет џипови ископувале земјиште на приватен имот во потрага по злато.

Суспендираниот Матиќ, Ѓорѓевиќ и Савиќ се припадници на четата за поддршка и тие на видео снимката се гледаат во светли маскирни униформи, додека Митровиќ и Цирковиќ од специјалистичката чета се со маски и во црни униформи.


Изворот објаснува и дека таканаречената специјалистичка чета од одредот на Ниш чиј командант е Сеад Коштиќ, е позната по суровоста и дека “тие прво те претепуваат, а потоа те прашуваат како се викаш”.

“И самиот командант на Нишкиот одред, Сеад Коштиќ има проблематично однесување и повеќе дисциплински постапки се водат против него”, наведува изворот.

Тој истакнува дека специјалистичката чета на Жандармеријата треба да биде гордост на таа единица.

“Најголем број припадници од Нишката специјалистичка чета учествуваа во конфликтите во Косово, поранешни припадници на единицата за специјални операции, а за себе велат дека во ЈСО се одбрани по моделот за регрутирање на Легијата на странци”, додава изворот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1