Полицајката даде изјава во обвинителството


Полицајката Јасмина Јаначковска даде изјава во обвинителството за инцидентот со функционерот на ДУИ Беќир Асани.

За медиумите таа не сакаше да даде изјава.

Јаначковска беше нападната од Асани кај трговскиот центар „Мавровка“ откако му повика пајак служба поради непрописно паркирање.

Таа на средбата со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека функционерот на ДУИ ја нападнал само вербално, а таа самата се удрила во пајак возилото.

Обвинителството вчера за овој случај потврди дека отворило предмет и оти пилицајката е повикана да даде исказ, но не кажаа кога.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1