Полиција по грешка го застрелала заложникот кој бегал од киднаперот!


Телевизиски продуцент, Џон Винклер (30) починал во болница во Лос Анџелес откако полицијата го помешала со напаѓач и го застрелала

11042014142955_zaloznikПолицијата добила повик во кој јавувачот кажал дека човек со касапски нож им се заканува на луѓе. Полицајците набргу пристигнале на местото на настанот и почнале да тропаат на вратата на станот во кој 27-годишниот, Александер Мекдоналд како заложници ги држел Винклер и уште двајца мажи.

Винклер го искористил моментот кога полицајците тропале на вратата и успеал да избега од станот. Откако ја отворил вратата и почнал да бега, полицајците отвориле оган и го застрелале со четири куршуми.

Винклер одговарал на описот на напаѓачот – бил слаб и носел црна маица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1