Полицијата има осомничен за пукањето во адвокатот


Полицијата има осомничено лице за пукањето во кое вчера попладне беше повреден познат скопски адвокат, пишува Телеграф.

Според порталот, од полицијата потврдиле дека има едно осомничено лице и се работи на целосно расчистување на мотивите за вооружениот инцидент. Пукањето се случи вчера попладне во скопски Бутел, а повредениот адвокат сам се пријавил во болница.

butel500Како што изјавил адвокатот, а потврдуваат од полицијата, во него било пукано додека тој извршувал службена должност.

Ова е официјалното известување од МВР за настанот

На 03.07.2014 година, околу 15,00 часот, во Скопје кај киното Бутел, додека скопски адвокат го управувал своето патничко возило истиот бил повреден од огнено оружје.

На оштетениот му е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му е констатирана телесна повреда. Како можен сторител оштетениот посочил едно лице, се преземаат мерки за пронаѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1