Полицијата ќе им дава по 20 евра ако се без алкохол на тестот на новогодишната ноќ


Сите оние возачи од департманот Вар, кои ќе останат трезни за Нова Година, односно ќе имаат негативен алко-тест, ќе добијат вредносни бонови за бензин од 20 евра.

alkotestСакаме да ги наградиме сите кои ќе имаат граѓанско однесување, односно ќе го препуштат управувачот на лице што не пиело. Возачот кој нема пиено, ќе може да добие бон за бензин во вредност од 20 евра, со цел ќе се наведат возачите да имаат примерно однесување зад управувачот, изјави префектот на Вар, Лоран Карел.

Тестовите ќе бидат спроведени помеѓу 2 часот и 30 минути и 6 часот изутрина во Тулон.

Ова е нов метод во борбата за безбедност во сообраќајот во овој департман, каде е забележано намалување на бројот на жртви на патиштата за 4 проценти во однос на минатата година, како и за 8 отсто помалку несреќи и 8 проценти помалку повредени- јавува дописникот на МИА од Париз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1