По извршената проверка специјалните тимови на косовската полиција не пронајдоа никаков експлозив на пругата по која треба да мине првиот воз на релација од Белград кон Косовска Миторвица по 1999 година.
– Нашите единици извршија целосен преглед и можам да кажам дека нема никакви проблеми и тие не пронајдоа ништо, изјави заменик-командантот на регоналната управа „Север“ на косовската полиција, Бесим Хоти.
Како што јави српската државна телевизија РТС, провеката на пругата започна откако беше објавена снимка на која се гледа како непознати лица поставуваат експлозив на пруга, со најава дека тој е наменет за возот Белград – Косовска Митровица.
Видео снимката беше објавена на Фејсбук страницата „Една нација“, но од неа не може да се утврди на кое место е поставен експлозивот и дали воопшто станува збор за посочената пруга.
Пругата од границата со Србија до Косовска Миторвица е во должина од околу 40 километри.
Возот кој претпладнево тргна од Белград, во монетов, како што јави Танјуг, стои на железничката станица во Рашка во очекување да продолжи кон Косовска Митровица.
Косовската полиција соопшти дека доколку од неа тоа биде побарано, таа ќе го спречи обидот за влез во Косово на српските официјални претставници што се наоѓаат во возот.
Ваквата најава уследи откако претседателот на Косово, Хашим Тачи порача дека косвските институции треба да го спречи влезот на возот на косовска теритотија.
– Неприфатливо е да се дозволи влез во Косово на воз кој има националистички налепници, што е во спротивност со уставот и законите на Косово, објави Тачи на својот профил на Фејсбук.
Тој нагалси дека ја почитува слободата на движење, но дека е непрофталиво да се овозможи влез на возот со кој патуваат високи официјални претставници на Србија, кои немаат дозвола за влез во Косово.
– Овој воз е провокација и косовските власти треба да ги преземат неопходните законски мерки за да го спречат неговото движење, порача Тачи во објаата на Фејсбук.
Во врска со застојот на возот за доцна попладнево е најавена и прес конференција на српскиот премиер Александар Вучиќ, кој како што соопшти Владата на Србија, ќе има „вонредно обраќање до медиумите по повод состојбата во Косово и Метохија“.