Полицијата објави снимка на киднапирање девојка среде улица (ВИДЕО)


Исчезнатата девојка, идентификувана како 22-годишната Карлеша Фриленд Гајтер, била киднапирана во неделата во Филаделфија.

Видеото прикажува маж кој го паркира автомобилот во мрачната улица, а потоа излегува од возилото и ја следи девојката која се наоѓа на другата страна на улицата. Тој и приоѓа, но жената почнува да бега. Мажот трча по неа и ја фаќа, додека таа вриска и бара помош.kidnapiranje ulica

Очилата и мобилниот телефон на несреќната девојка биле пронајдени на улицата на која се случило киднапирањето, јавуваат локалните власти, а полицијата активно трага по злосторникот, нудејќи 10.000 долари за оној кој ќе даде информација за непознатиот киднапер.

Семејството на Карлеша за CNN изјавило дека девојката работела како медицинска сестра и во моментот кога била киднапирана била оддалечена на само неколку улици од својот стан.

“Не знаеме дали разговарала со него. Не знаеме што се случило”, рекле членовите на нејзиното семејство, додавајќи дека сакаат нивното дете да се врати дома живо и здраво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1